Иниеста ќе игра во Аргентина?

Шпанскиот легендарен фудбалер Андрес Иниеста, кој цела деценија го носеше дресот на Барселона а сега настапува во Јапонија, би можел на крајот од кариерата да заигра и во Аргентина. Тренерот на Естудијантес, Габриел Милито, посакува да го доведе Андрес Иниеста во тимот. Тие се поранешни соиграчи од каталонскиот клуб.

Милито успеа да го убеди Хавиер Маскерано да му се придружи во Естудијантес, а сега има план да го ангажира и Иниеста кој е член на Висел Кобе. Договорот на 35-годишниот играч за врска му истекува во 2020 година.

Се вчитува...