Инс: Погба ќе замине од Манчестер јунајтед

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Инс верува дека Пол Погба следната сезона нема да игра за „црвените ѓаволи“. Како се приближува крајот на сезоната се поголеме се шпекулациите дека „ѕвездата“ на Јунајтед ќе премине во Реал Мадрид.

„Оле мора да го убеди Погба дека тимот ќе се гради околу него, ако сака тој да остане. Искрено, мислам дека Погба нема да биде во Манчестер следната сезона“, рече Инс. 

Покрај тврдењата на францускиот фудбалер дека сака да остане во Манчестер, Инс мисли дека тој никогаш не се чувствувал како дома во Јунајтед.

„Секогаш е тешко кога те бара Реал Мадрид, не сум сигурен дека Погба се чувствува како дома во Манчестер, затоа неговото заминување е извесно. Оле ќе мора да направи тој да се чувствува како да е дома“, дополни Инс. 

Покрај за „црвените ѓаволи“, Пол Инс во кариерата настапуваше и за Интер, Ливерпул, Миделсборо, Вест Хем и Вулверхемптон.

Се вчитува...