Инсиње: Не ми беше драго да бидам на клупата, но селекторот ја има одговорноста

Фудбалската репрезентација на Италија не успеа да избори пласман на Светското првенство во Италија, што секако е оценето како трагедија на „чизмата“. Сега се бараат виновниците, и се чини дека најголемата одговорност секако ја има селекторот Џампјеро Вентура. Фудбалските аналитичари му замераат дека не го искористи Лоренцо Инсиње на реванш мечот во Милано против Шведска, а тој можел да донесе пресврт во играта и да го постигне толку очекуваниот гол.

Самиот Инсиње вели дека е разочаран, но тој е професионалец и мора да ги почитува одлуките на селекторот.

„Не ми беше драго да бидам на клупата, како и на секој фудбалер. Нема играч што не сака да биде на теренот. Притисокот се зголеми како што одминуваа минутите, но јас не добив шанса да влезам во игра. Тоа е одлука на селекторот, и јас не смеам да се мешам. Но, ни се случи трагедија, ние не се пласиравме на Светското првенство. И сега секој мора да ја понесе својата одговорност“, изјави Лоренцо Инсиње.

Се вчитува...