Институција за правење пари – Динамо Загреб за пет години заработил 150 милиони евра од трансфери

Хрватскиот шампион Динамо Загреб и понатаму покажува дека е клуб кој најдобро работи на овие простори. Во изминатите пет години клубот инкасираше неверојатни 150 милиони евра само од трансфери. Најскап трансфер беше тој на Марко Пјаца во 2015 година кога Јувентус на клубот од Загреб му исплати 23 милиони евра.

Дани Олмо замина во Ред Бул Лајпциг за 21 милион, додека Динамо Загреб за Марко Рог инкасираше 15 милиони евра. Филип Бенковиќ кој беше дел од младинските школи на тимот во 2018 година од „Максимир“ замина во Лестер за 14,5 милиони евра.

И покрај заминувањето на оваа плејада фудбалери клубот е редовен учесник во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а најголемиот успех го имаше пред две години кога стигна до осминафиналето во најмасовното европско натпреварување.

Се вчитува...