Интер, Џенова, Ц. Звезда, Партизан, ПАОК… на „Пандев Куп“ во Струмица!

Академија Пандев во новата 2018 година ќе организира еден од најспектакуларните турнири за младински категории на овие простори, “Пандев куп” кој во 2018 година ќе го има своето прво издание а со цел во иднина да прерасне и во традиционален.

zvezda

Првиот дел од турнирот ќе се одржи во периодот од 1. до 4. март и на него ќе учествуваат фудбалери родени од 2006 до 2010 година. Вториот дел е планиран за крајот на јули и почетокот на август. Најпрво, од 30. јули до 4. август ќе се натпреваруваат екипи чии фудбалери се родени во 2002 и 2003 година, а од 6. до 11. август играчи родени во 2004 и 2005 година.

Претставници на Академија Пандев вчера во Белград ги финализираа преговорите со Црвена Звезда и ОФК Београд кои го потврдија учеството на “Пандев куп 2018”. Освен нив, за турнирот во Струмица досега се сигурни уште: Партизан, Осијек, Буба Мара, ПАОК, Лудогорец и ЦСКА Софија. А, клубот е во преговори и со италијанските гиганти Интер и Џенова кои треба да го дополнат квалитетот на турнирот.

ofk

Освен набројаните, на турнирот ќе учествуваат сите македонски клубови. Присуството досега не го потврдил само уште Вардар.

Сите натпревари од турнирот ќе се играат во Струмица и околината и тоа на четири терени: на теренот на кој тренира Академија Пандев, вештачкото игралиште, стадионот Кукуш во Турново и Градскиот стадион “Младост” на кој се закажани финалните натпревари.

Вкупно, на “Пандев куп” е планирано да учествуваат околу 140 екипи, односно над 2.800 деца со што тој ќе биде еден од најмасовните на овие простори.

Се вчитува...