Интер донира 100.000 евра во борбата со коронавирусот

Интер и неговиот претседател Стивен Жанг ќе донираат 100.000 евра за Одделот за биомедицински истражувањата во Милано, како помош во борбата против коронавирусот.

Вирусот досега погоди повеќе од 3.000 лица во Италија, со 107 смртни случаи. А, бројот на новозаболени порасна за дури 28% во однос на бројот од пред 24 часа.

Поради тоа Владата на Италија одлучи сите спортски натпревари до 3. април да бидат без присуство на навивачи.

Се вчитува...