Интер „гази“ со Икарди: Триумф со Сампдорија… (видео)

Интер ја продолжува серијата без пораз на стартот од сезоната, запишувајќи ја и осмата победа, покрај и само две ремија, во 10. коло од Серија А.

„Нераѕурите“ сосема заслужено стигнаа до триумф од 3-2 против Сампдорија со кој се пробија на челната позиција со 26 бода, еден повеќе од сега второпласираниот Наполи, кој има и натпревар помалку, оној утрешниот против Џенова.

Интер победата ја најави уште во 18. минута со голот на Скриниар, а во 32. минута Икарди веќе зголеми на 2-0. Икарди, на асистенција на Перишиќ, во 55. минута зголеми и на 3-0.

Гостите се вратија потоа со два гола, преку Ковнацки во 64. минута и Кваљарела во 85. минута, но сепак не успеаја да го загрозат триумфот на тимот од Милано.

Се вчитува...