Интер ги урна „милионерите“, Елмас со Наполи го освои Салцбург

Интер ја совлада Борусија Дортмунд на „Џузепе Меаца“ со 2-0 со голот на Лаутаро Мартинез во 22.минута и ги зголеми шансите за пласман во нокаут фазата од групата Ф во Лигата на шампионите. Лаутаро Мартинез во 83.минута не искористи и пенал, а Роман Бурки успеа да го одбрани неговиот удар. Но, Антонио Кандрева погоди за конечен триумф во 89.минута. Сега Интер и Борусија Дортмунд имаат по четири бода, а на врвот е Барселона која со 1-2 славеше на гости против Славија Прага.

 

Лионел Меси во третата минута го доведе каталонскиот тим во водство, израмни Јан Борил во 50.минута, но седум минути подоцна Барселона возврати преку Луис Суарез и Олајинка кој постигна автогол. Меси постигна гол против 33. различен тим во елитното европско клупско натпреварување.

Наполи славеше со 2-3 против Салцбург во Австрија, а Елиф Елмас ги одигра последните десте минути од мечот. Дрис Мертенс беше двоен стрелец и го надмина легендарниот Диего Марадона во бројот на голови постигнати за клубот од Неапол, а еднаш се запиша и Лоренцо Инсиње.

Европскиот првак Ливерпул немаше проблеми против Генк и ја освои Белгија со 1-4. Окслејд – Чемберлен ги постигна првите два гола за англискиот тим, а погодија и Садио Мане и Мохамед Салах. Единствениот гол за Генк во завршницата го постигна Стефен Одеј. Наполи е прв во групата со седум бода, пред Ливерпул со бод помалку.

Бенфика го победи Лион со 2-1 за тотална неизвесност во групата Г, а Лил и Валенсија ремизираа 1-1 во групата Х.

 

 

 

 

Се вчитува...