Интер гледа кон „Камп Ноу“: Видал и Ракитиќ да дојдат во Милано

Италијанскиот калчолигаш Интер се бори за пласман во Лигата на шампионите во Серија А, но има големи планови за следната сезона. Раководството на „нероаѕурите“ посакува две засилувања од Барселона.

Хрватот Иван Ракитиќ веќе од поодамна е на листата на желби на Лучијано Спалети, а тој би сакал и уште еден искусен играч од средниот ред, кој моментно е на „Камп Ноу“. Артуро Видал, поранешниот член на Јувентус би можел да пристигне на „Џузепе Меаца“, а реализацијата на овие трансфери треба да одат преку Џузепе Марота.

Третото засилување за Интер од Шпанија треба да биде Лука Модриќ. Со ова италијанскиот тим комплетно би го реорганизирал средниот ред и со искусни фудбалери тргнал во напад на „скудетото“.

 

Се вчитува...