Интер го доби најмладиот претседател во историјата

Италијанскиот калчолигаш Интер доби нов претседател, и тоа најмлад во клупската историја. Стивен Жанг го наследи Ерик Тохир, и со 27 години стана прв човек на клубот од „Џузепе Меаца“. Тој е син на сопственикот на „нероаѕурите“, Жанг Џиндонг, и денеска е именуван за нов претседател на состанокот на акционерите на клубот.

Стивен Жанг располага со богатство од 6 милијарди долари, и се очекува во наредниот период да вложи големо средства во реновирањето на тимот.

По заминувањето на легендарниот Масимо Морати, претседател на Интер беше Ерик Тохир, но тој го продаде мнозинскиот пакет акции од клубот на Жанг Џиндонг.

Се вчитува...