Интер го купува Мемфис Депај?

Италијанскиот калчолигаш Интер во последното коло од Серија А успеа да стигне до четвртата позиција на табелата и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а раководството на клубот сака адекватно да го засили тимот за враќањето во европската елита. Покрај задржувањето на капитенот Мауро Икарди, „нероаѕурите“ сакаат да го ангажираат и Мемфис Депај, за комплетирање на навалната линија.

Холанѓанецот игра како препороден во дресот на Лион, откако претходно не се покажа во најдобро светло во Манчестер јунајтед. Тој има договор до 2021 година со францускиот клуб, но Интер е подготвен да плати 45 милиони евра за да го доведе на „Џузепе Меаца“. Одреден интерес за Депај покажуваат и Јувентус и Милан.

Се вчитува...