Интер го откупи Ачерби од Лацио

Интер реши да го задржи Франческо Ачерби во своите редови, целосно откупувајќи го договорот што 35-годишниот дефанзивец го имаше со Лацио.

Ветеранот на крајот од ланскиот преоден рок пристигна во Интер на позајмица од Лацио, најпрвин беше предвиден како резервна опција, но Ачерби со одличните настапи се наметна како стандарден првотимец во клучниот дел од сезоната. Тоа беше доволна препорака за Симоне Инзаги да инсистира на останување на ветеранот, по што управата на клубот реши да го откупи неговиот договор со Лацио за четири милиони евра.

Инзаги не сака да мора да биде принуден на целосен ремонт во одбраната, па веќе кога Шкринијар си заминува како слободен играч, Ачерби ќе ја стартува сезоната како првотимец крај Бастони.

„Нероаѕурите“ во меѓувреме се обидоа да го доведат и Калиду Кулибали од Челси, но сенегалскиот дефанзивец е блиску до преселба во Саудиска Арабија.

Се вчитува...