Интер го потпишува Кеита Балде, си оди Кандрева

Интер продолжува да сонува за мегатрансферот на Лука Модриќ, но „нероаѕурите“ во меѓувреме ги финишираат и преговорите за уште едно големо засилување. Станува збор за брзоногиот офанзивец Кеита Балде, кој се наоѓа на чекор до преселба на „Џузепе Меаца“ во трансфер вреден 30 милиони евра.

Балде пред две сезони играше извонредно во дресот на Лацио постигнувајќи 16 погодоци во „Серија А“, но по трансферот во Монако не продолжи во ист ритам и во францускиот шампионат. Токму затоа „кнезовите“ се подготвени да го продадат доколку пристигне интересна понуда.

Интер би платил едногодишна позајмица 10 милиони евра, со клаузула за задолжителен откуп на договорот наредното лето за уште 20 милиони. Можно е оваа сума да се намали доколку во трансферот биде вклучен и Антонио Кандрева, крилниот играч на Интер на кој тренерот Спалети нема да смета во наредната сезона.

За Кандрева се интересираат и неколку италијански прволигаши, но големи се шансите тој својта кариера да ја продолжи токму во Монако.

Се вчитува...