Интер го слави Мауро Икарди: Триумф на „нераѕурите“ во 92. минута! (ВИДЕО)

Интер славеше против Милан со 1-0 во големото миланско дерби од 9. коло во Серија А, со голот на Мауро Икарди во 92. минута од средбата. Во натпревар во кој „нераѕурите“ повеќе го посакуваа триумфот, на крајот стигнаа и до трите бода благодарение на голот во втората минута од судиското продолжение.

Во првото полувреме Интер беше далеку поконкретен на теренот. Почна со голот на Икарди до 13. минута кој беше поништен поради офсјад. Во продолжението Иван Перишиќ во 24. минута имаше одличен обид, но голманот на Милан, Донарума спречи водство на „нераѕурите“. Најголемата шанса во првиот дел ја имаше Икарди во 41. минута кога во последен момент одбраната на „миланезите“ успеа да го запре пред налетот за погодок.

Во 42. минута и Милан постигна гол преку Матео Мусакио, но исто така пониште поради офсајд позиција.

Во второто полувреме Матео Политано во 58. минута имаше убава можност за Интер, а потоа Милан се обиде да го диктира ритамот но без можност да го загрози голот на Хандановиќ. Затоа пак Икарди во 92. минута погоди за голема победа на Интер!

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...