Интер го среди и Калјари, повторно гледа од највисоко во Италија

Интер продолжува со фантастични игри во Серија А оваа сезона. „Нероаѕурите“ го совладаа Калјари на гости со 1-3 и се искачија на врвот на табелата со 36 бода по 14 одиграни кола, еден повеќе од Наполи и пет повеќе од Јувентус, кои утре ќе ги одиграат своите мечеви.

Капитенот Мауро Икарди го доведе Интер во водство во 29.минута. Брозовиќ во 55.минута зголеми на 0-2, а надеж на домаќините им даде голот на Паволети во 71.минута. Сепак, Мауро Икарди со својот втор гол на овој меч, стави точка на новиот триумф на тимот на Лучијано Спалети.

Се вчитува...