Интер го задржува Хандановиќ до 2022 година

Фудбалот е суспендиран, но трансфер – маркетот не е, барем кога се во прашање плановите на клубовите за следната сезона. Интер дефинитивно сака да го задржи ветеранот Самир Хандановиќ до крајот на неговата кариера. Раководството на италијанскиот калчолигаш се договори со словенечкиот интернационалец за продолжување на соработката до 2022 година.

35-годишниот голман бранеше одлично оваа сезона, но потоа заработи повреда, а тоа го чинеше Интер нешто полоши резилтати и пад на табелата. Тренерот Антонио Конте сака да го има Хандановиќ и во наредните две сезони, а управата на клубот ќе му ја исполни желбата.

Самир Хандановиќ од 2012 година е на „Џузепе Меаца“ и досега одигра 279 натпревари за Интер.

Се вчитува...