Интер и Алексис Санчез се договориле, се чека потврда од Манчестер Јунајтед

Алексис Санчез и Интер ги договориле условите и се согласиле Чилеанецот да остане во следните три години во клубот. Останува уште согласност да даде Манчестер Јунајтед. Со ова тврдење излезе италијанскиот  „Gazzeta dello Sport“.

Санчез е на позајмица од Јунајтед во Интер и италијанскиот клуб решил да го задржи на подолг период. Вакво нешто се најавуваше, но проблем беше превисоката плата што ја добива Санчез. Според договорот за оваа сезона, Интер плаќаше 100.000 фунти, а остатокот до неверојатните 400.000 фунти беше обврска на Јунајтед. Комплетниот трансфер на Санчез комплетно му одговара на англискиот клуб кој сака да се ослободи од него поради превисоката плата, а менаџерот Оле Гунар Солскјер нема ниту потреба од него во тимот.

Манчестер јунајтед првично бараше 20 милиони фунти за трансферот на Санчез, но сега цената е намалена на 15 милиони фунти. Алексис Санчез кој беше дел од Барселона и од Арсенал пред неуспешната одисеја во Манчестер Јунајтед е дел од позајмиците што Јунајтед ги испрати во Интер заедно со Ромелу Лукаку и со Ешли Јанг.

Се вчитува...