Интер и Јувентус во трка за Жорди Алба

Италијанските калчолигаши Интер и Јувентус сериозно ја следат ситуацијата на дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба. Договорот на левиот бек со клубот од „Камп Ноу“ истекува на крајот на сезоната и засега одбива да ја продолжи соработката со каталонскиот гигант. Преговорите се во тек, а тренерот Ернесто Валверде инсистира да му биде понуден нов договор до 2020 година.

Јувентус го сака Жорди Алба како наследник за Алекс Сандро, кој следното лето најверојатно ќе направи трансфер од Торино во ПСЖ или во Реал Мадрид.

Жорди Алба оваа сезона има 12 настапи за Барселона во Ла Лига и има постигнато еден погодок.

 

Се вчитува...