Интер извисува во последен момент?

Финансиските проблеми со кои се соочи Интер го примора актуелниот шампион на Италија на продажба на еден од најдобрите фудбалери од претходната сезона, Ашраф Хакими во ПСЖ, а неговата замена беше најдена во Арсенал и Хектор Белерин.

Шпанецот беше блиску до потпис на договор со италијанскиот клуб, но целата ситуација сега се претвора во сага бидејќи Арсенал не сака да го испушти 26-годишникот и за него подготвува нов договор, пренесуваат медиумите на „Островот“.

Белерин кој потекнува од младинската школа на Барселона е дел од „топчиите“ од 2013 година. За клубот од „Емирати“ одигра 284 натпревари во сите конкуренции притоа постигна 14 погодоци и забележа 36 асистенции.

Се вчитува...