Интер ја најде замената за Шкриниар

Утрото по шокантниот пораз на Интер од Емполи со 0-1, италијанските медиуми се занимаваат со новиот изглед на „нероаѕурите“ и рокадите во играчкито кадар на италијанскиот гигант.

Имено, Словакот Милан Шкриниар, кој поцрвене на последниот меч, веќе подолго време е на излезната врата од „Џузепе Меаца“, со оглед на тоа што ПСЖ е решен да го доведе во своите редови, а договорот на Шкриниар истекува на крајот од сезонава и тој ќе може како слободен играч да си замине од Милано.

Интер е на прагот да договори нов одбранбен играч како замена за словачкиот ас, а се работи за дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг. Англискиот стопер, кој во редовите на „волчицата“ дојде во 2019 година, досега одбиваше да го продолжи договорот со римјаните, кој истекува следното лето, кога ќе стане слободен играч.

Се вчитува...