Интер ја одби Барселона: Де Фрај не е достапен за трансфер

Италијанскиот калчолигаш Интер ја одби понудата на Барселона за трансфер на дефанзивецот Стефан де Фрај на „Камп Ноу“. Каталонскиот гигант се обиде да го вклучи Артуро Видал во евентуален трансфер на одбранбениот фудбалер кој е голема желба на новиот тренер на Барса, Роналд Куман. Но, веднаш стигна повратен одговор дека Де Фрај не е достапен за трансфер и дека тој останува во Милано.

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал треба да пристигне на „Џузепе Меаца“, да ги изврши лекарските прегледи и да потпише договор со Интер. Но, тоа ќе биде самостоен трансфер, без пакет каков што имаше планирано Барселона.

Холанѓанецот во 2018 година од Лацио дојде во Интер, досега одигра 62 натпревари за „нероаѕурите“ и постигна шест гола.

Се вчитува...