Интер „му фрли око“ на голманот од Премиерлигата

Интер го идентификуваше Гиљермо Викарио од Тотенхем како можен наследник на нивниот стартен голман Јан Зомер, чиј договор истекува на крајот од сезоната, тврдат „Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“.

Според нивните информации, Викарио сака да се врати во Серија А. Во летото 2023 година, „нероаѕурите“ сакаа да го привлечат италијанскиот репрезентативец, но потоа тој се пресели од Емполи во Лондон, со кого потпиша договор до летото 2028 година со плата од 2,5 милиони фунти по сезона.

Во текот на тековната сезона, 29-годишниот голман одигра 19 натпревари за Тотенхем, во кои прими 25 гола и на 7 меча не прими гол. Во моментов неприкосновен голман на Интер е Јан Зомер, но тој веќе има 36 години, и Интер размислува да ја освежи оваа позиција.

Се вчитува...