Интер му го „краде“ засилувањето на Жозе Мурињо

Интер созададе големи проблеми на Рома откако влезе во игра за трансфер на напаѓачот на Вест Хем Јунатед, Џанлука Скамака. Италијанскиот голгетер, англискиот и италијанскиот клуб веќе постигнаа договор за камбек во Рим, но во последен момент плановите ги променија „нероаѕурите“.

Договорот кој го имаа Вест Хем Јунајтед и Рома се состоеше од едногодишна позајмица со обврска да се откупи договорот по крајот на сезоната во вкупна вредност од 22 милиони евра, но Интер нуди пернаментен трансфер уште ова лето во вредност од 20 милиони евра што е полза на „чекичарите“.

Промената на планот за Интер доаѓа по пропаѓањето на трансферот на Флориан Балогун за кој Италијанците не можат да најдат заеднички јазик со Арсенал.

Се вчитува...