Интер му нуди на Модриќ поголема плата од сегашната во Реал Мадрид

Италијанскиот калчолигаш Интер го посакува Лука Модриќ во своите редови. Хрватскиот интернационалец би бил огромно засилување за „нероаѕурите“, кои со него во составот би можеле да атакуваат дури и на „скудетото“, и покрај тоа што Јувентус го купи Кристијано Роналдо и го врати Леонардо Бонучи.

Медиумите во Италија открија и колку пари би заработувал доколку го облече дресот на Интер. Тој годишно би инкасирал по 11,5 милиони евра. Тоа е повеќе од сегашната негова плата во Реал Мадрид, која изнесува 10 милиони евра по сезона.

Сепак, Флорентино Перез истакна дека нема намера да се откаже од Лука Модриќ, кој има актуелен договор со клубот до 2020 година. Интер, доколку сака да го откупи, ќе мора да ја плати отштетната клаузула која изнесува неверојатни 750 милиони евра.

Се вчитува...