Интер најде нов генерален спонзор (фото)

Интер попладнево го објави новиот генерален спонзор што „нероаѕурите“ ќе го имаат на своите дресови, почнувајќи од викендов. Станува збор за „Парамаунт +“, премиум сервис за стриминг на најразлични видео содржини. Оваа компанија се прошири на италијанскиот пазар минатата година, а челниците се надеваат дека со соработката со еден од најголемите фудбалски клубови во оваа земја ќе добијат уште повеќе на популарност.

Според договорот меѓу двете страни, фудбалерите на Интер ќе го носат дресот со логото на новиот спонзор на последниот меч од Серија А, но и на големото финале од Лигата на Шампионите што италијанскиот тим ќе го игра на 10 јуни во Истанбул против Манчестер Сити.

„Со гордост го претставуваме дресот за претстојното финале во Истанбул. Парамаунт +, серивсот за премиум стриминг ќе биде наш спонзор на дресот што ќе го носиме против Манчестер Сити. Потпишаниот договор претставува историско партнерство меѓу двата бренда кои ќе добијат уште повеќе на значење на светскиот пазар“, се вели во соопштението на „нероаѕурите“.

Се вчитува...