Интер и се реваншираше на Фиорентина за поразот (3-0) од пред четири дена во одложениот натпревар од Серија А, за триумф на „Џузепе Меаца“ во 24. коло од италијанскиот шампионат, сега со 2-1, со кој се продолжува битката со Наполи за шампионската титула сезонава.
„Нераѕурите“ до предност дојдоа со автоголот на Понграчиќ уште во 28. минута од средбата.
Гостите успеаја да израмнат со голот од пенал на Мандрагора во 44. минута, но Интер дојде заслужено до победата благодарение на голот на Арнаутовиќ во 52. минута, кој во игра влезе уште во 25. минута по повредата на Турам.
СИТЕ ГОЛОВИ ОД НАТПРЕВАРОТ МЕЃУ ИНТЕР И ФИОРЕНТИНА МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА