Интер нуди 50 милиони евра за син на славен голгетер

Интер следното лето со сите сили ќе се обиде да го ангажира младиот напаѓач на Фиорентина, Федерико Кијеза. Според италијанските медиуми, „нероаѕурите“ се подготвени да издвојат неверојатни 50 милиони евра за 20-годишниот супер-талентираниот Италијанец.

Федерико е син на познатиот италијански напаѓач, Енрико Кијеза, кој од 1999 до 2002 година го носеше дресот на Фиорентина, за три сезони успеа да слави на 34 погодоци.

Интер минатото лето се обидуваше да донесе фудбалер со слични карактеристики на Кијеза, случајно од ист клуб, но  Федерико Бернардески се одлучи за Јувентус, иако Интер му понуди поголема плата. Спалети сега го сака „подобриот“ талент од калчолигашот од Фиренца, тој и директорите на клубот се убедени дека Кијеза е токму фудбалерот кој им е потребен. Во улога на „десетка“, одлично би се вклопил со Икарди во нападот.

Сепак, интересот од миланскиот клуб го уклучи алармот во раководстовото на „виолетовите“, па сега прават се што е во нивна моќ да го убедат младиот Италијанец да ја продолжи лојалноста кон клубот, така што му нудат покачување на годишната плата од 400.000 евра, па доколку се согласи, Кијеза ќе заработува два милиони евра годишно, а во новиот договор ќе има фиксна клаузула.

 

Се вчитува...