Интер пак прави проблеми, го одби и новиот термин за дербито со Јуве

Хаосот со термините во италијанскиот фудбал би можел да се продлабочи откако раководството на Интер го отфрли новиот план со кој проблемот требаше да се реши, според кој требаше да се поместат за едно коло сите наредни натпревари, а дербито со Јувентус беше презакажано за 9 март.

Во прв момент сите 18 клубови дадоа согласност, а директорот на „нероаѕурите“, Џузепе Марота, го оцени новиот термин за вечното дерби за „сосема разумен“, но во меѓувреме очигледно го променил ставот. Италијанските медиуми јавуваат дека кинеските газди на Интер се незадоволни и бараат нови промени, одбивајќи да играат в понеделник, во ситуација кога три дена подоцна ги очекува првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа.

Само за потсетување, Интер претходно ја одби и понудената опција дуелот со Јувентус да се игра на 2 март со присуство на публика, по што мечот беше одложен.

За утре е закажан нов состанок на 20-те клубови, а доколку не биде постигнат договор големи се шансите за нови одложувања и уште поголем хаос во Калчо-лигата.

Се вчитува...