Интер по повеќе од 20 години ја прекинува соработката со „Најк“

Калчолигашот Интер по повеќе од 20 години ќе ја прекине соработката со американската компанија за спортска опрема „Најки“. „Најки“ е спонзор на „нероаѕурите“ од 1998, но италијанските медиуми пишуваат дека соработката ќе биде прекината, бидејќи Интер кој во моментов има заработка од 10 милиони евра по сезона, во иднина сака таа да биде поголема.

Наводно, од „Најки“ не се согласиле на понудата поради што клубот од „Џузепе Меаца“ ќе мора да го смени спонзорот. Интер е многу блиску до потпис со „Адидас“. Главна цел на тимот е да заработи барем приближно како Јувентус кој во моментов годишно од „Адидас“ добива 51 милион евра.

 

Се вчитува...