Интер посилен за Брозовиќ на дербито со Рома

Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ се враќа во составот на Интер за неделното дерби против Рома во Серија А. Тој ја залечи повредата на прстот на ногата поради која паузираше во изминатиот период. Тренерот Пиоли вели дека со него во тимот Интер е многу покомпактен.

„Ни недостигаше Марсело. Убаво е што повторно го имаме со нас. Тренира во максимален ритам“, откри Пиоли.

Италијанските медиуми претпоставуваат дека тој ќе се врати во почетниот состав на Интер, што значи дека во средниот ред ќе треба место да ослободат Кондогбија или Галјардини.

Марсело Брозовиќ го скрши прстот на ногата во дуел со Миралем Пјаниќ на дербито против Јувентус.

Се вчитува...