Интер потврди: ПСЖ го откупи договорот на Мауро Икарди

Италијанскиот калчолигаш Интер потврди дека Пари Сен Жермен го откупил договорот на аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди. Цената на трансферот изнесува 58 милиони евра, соопштија од клубот од „Џузепе Меаца“.

Икарди во 2013 од Сампдорија стигна во Интер каде запиша 219 настапи на кои постигна 124 гола, а на стартот на минатата сезона беше пратен на позајмица во ПСЖ.

„Фудбалскиот клуб Интер потврдува дека Мауро Икарди премина во ПСЖ. Клубот му заблагодарува на Икарди за прекрасните шест години и му посакува многу среќа во иднина“, стои во соопштението од клубот. 

 

Се вчитува...