Интер преку Аталанта го прескокна Јувентус

Интер се врати на второто место на табелата, прескокнувајќи го шампионот Јувентус, откако „нероаѕурите“ вечерва славеа со 2-0 на пресметката со Аталанта.

Гостите од Бергамо во првото полувреме одолеваа на налетите на Интер, но дилемите околу победникот ги разреши Мауро Икарди во првите петнаесет минути од вториот дел, кога со два прецизни удари со глава го матираше голманот на Аталанта.

Со овие три бода Интер сега има вкупно 33, два повеќе од Јувентус, но и два помалку од лидерот Наполи.

Се вчитува...