Интер се пласира во полуфиналето на Купот на Италија каде ќе ги одмери силите со Наполи, откако на „Џузепе Меаца“ ја совлада Фиорентина со 2-1. На овој меч деби за новиот клуб имаше и Кристијан Ериксен кој го засили Интер од англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Антонио Кандрева во 44.минута донесе предност за „нероаѕурите“, а израмни Мартин Касерес во 60.минута. Но, Николо Барела во 67.минута постигна победнички погодок за Интер и го трасираше патот на тимот во полуфиналето на Купот на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА