Интер прослави 110 години, промовираше ново лого, а Роналдо, Матеус, Занети се дел од Куќата на славните

Италијанскиот калчолигаш Интер синоќа на гала свеченост го прослави својот 110.роденден. Клубот го промовираше своето ново лого, а во Куќата на славните влегоа најпрославените имиња кои биле дел од историјата на „нероаѕурите“, како Роналдо, Лотар Матеус, Хавиер Занети, Валтер Ѕенга. Посебно признание доби и долгогодишниот претседател, Масимо Морати.

Интер има и „македонска крв“ низ историјата. Истакнати членови на италијанскиот калчолигаш беа Горан Пандев, кој со овој тим освои тројна круна (Лига на шампиони, Серија А, Куп на Италија), и Дарко Панчев.

Се вчитува...