Фудбалерите на Интер одиграа реми 1-1 на домашен терен против Верона во 37. коло од Серија А во меч кој немаше никакво резултатско значење за двата тима.
Интер веќе одамна ја осигура титулата во калчолигата, додека Верона одамна е оптишана. Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Едмундсон во 47. минута, додека конечните 1-1 ги постави Боуви во 91. минута.
По овој меч ќе биде доделено и скудетото на „нероаѕурите“, а во Милано се очекува голема прослава за освојување на двојната круна во сезоната 2025/2026.
GO GO GO 🔥🔥🔥@qatarairways pic.twitter.com/sva1eBI7Zy
— Inter ⭐⭐ (@Inter) May 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
