Интер сака да ги спои Ракитиќ и Модриќ на „Џузепе Меаца“

Италијанскиот калчолигаш Интер се подготвува за бурен преоден рок, а сака да го засили средниот ред со двајца искусни хрватски фудбалери од шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид. Директорот Бепе Марота има мисија на „Џузепе Меаца“ да ги доведе Иван Ракитиќ и Лука Модриќ. Со нив двајца во средниот ред, Интер се чини дека би можел да му парира и на Јувентус во трката за шампионската титула во Серија А.

Ракитиќ и Модриќ имаат договори до 2021 година со своите клубови, но и двајцата имаат желба да ја напуштат Ла Лига и да заиграат во Италија. Раководството на Интер изрази силна желба да ги доведе во Милано и преговорите се веќе во напредна фаза. Се очекува во летниот преоден рок и двајцата да го облечат дресот на „нероуѕирите“, а Интер за тоа би платил околу 80 милиони евра.

Се вчитува...