Интер сака да го купи Крис Смолинг

Италијанскиот калчолигаш Интер тргнува во акција за ангажман на дефанзивецот Крис Смолинг. Тој се врати во Манчестер Јунајтед откако минатата сезона беше позајмен во Рома и остави одличен впечаток во Серија А. „Волчицата“ не успеа да го откупи комплетно неговиот договор, понуди 15 милиони евра, а англискиот клуб бара најмалку 20 милиони евра за да му дозволи да го напушти перманентно „Олд Трафорд“.

Интер е подготвен да плати 20 милиони евра за Крис Смолинг и со тоа Антонио Конте да продолжи да го усовршува тимот на „нероаѕурите“ со фудбалери кои биле дел од Премиер – лигата. Претходно, дојдоа и Лукаку, Санчез, Ешли Јанг, Мозес, Ериксен…

Крис Смолинг се препороди во дресот на Рома и не сака да се врати во Манчестер Јунајтед каде го изгуби местото во стартниот тим. Тој дури и летниот одмор одлучи да го помине во италијанскиот предел Пенинсула и им јасен став дека сака да продолжи да игра во Серија А и следната сезона. Интер може да му помогне во тоа.

 

 

 

Се вчитува...