Интер се засилува, Малком и Марсијал доаѓаат во Милано

Италијанскиот калчолигаш Интер размислува за нови засилувања во зимскиот преоден рок, а тренерот Лучијано Спалети веќе ги има одредени приоритетите. Крилните играчи Ентони Марсијал од Манчестер јунајтед и Малком од Барселона се неговите желби, а раководството ќе се обиде да ги доведе на „Џузепе Меаца“ во јануари.

Договорот на Марсијал истекува на лето, па Интер се надева дека ќе успее да го добие за значително помала сума од неговата реална цена. Малком по доаѓањето во Барселона одигра само 25 минути и веќе побара да си замине, па тука Интер ја гледа шансата да го доведе прво како позајмен фудбалер, со опција за комплетно откупување на договорот.

„Нероаѕурите“ по осум одиграни кола се наоѓаат на третото место на табелата во Серија А со 16 освоени бода, осум помалку од лидерот Јувентус.

Се вчитува...