Интер со победа над Торино заврши со Серија „А“ и сега се фокусира кон Истанбул

Интер го совлада тимот на Торино на гостински терен со 0-1, и сега се фокусира максимално на финалниот меч во ЛШ во Истанбул на 10. јуни против Манчестер Сити.

Голот на Брозовиќ беше доволен за трите бода, со кои Интер моментално се најде на второто место пред Лацио, но и со меч повеќе.

Торино, пак, се бореше за излез во Европа идната сезона, но со овој пораз сега нема ниту теоретски шанси да обезбеди пласман во едно од европските натпреварувања.

Се вчитува...