Интер со став: Прво да играме со Сампдорија, потоа со Јувентус

Интер стои цврсто на ставот дека не треба да го игра големото дерби со Јувентус в понеделник, 9 март. „Нероаѕурите“ испратија писмо до раководството на лигата, кое беше препратено и до останатите 19 клубови, во кое јасно ставаат до знаење дека не планираат да се сретнат со Јувентус пред да го одиграат претходно одложениот дуел со Сампдорија.

Мечот од 25. коло меѓу Интер и Сампдорија беше презакажан за 13 мај, а според „нероаѕурите“ нерегуларно е дуелот од 26. коло меѓу Јувентус и Интер да се игра два месеци порано. Останатите клубови се согласија одложените средби од 26. коло да се одиграат во терминот за 27. рунда, по што би се продолжило со предвидениот распоред, но оваа опција не му одговара на клубот од Милано.

„Не сакаме ниту да разговараме на оваа тема додека распоредот не биде целосен. Треба да се игра најпрвин мечот што е прв одложен. Исто така, како клубот го задржуваме правото да преземеме акција доколку се донесат одлуки против спортските и федералните норми со што би ни била нанесена штета“ – се вели во дел од соопштението.

Се вчитува...