Интер собира ветерани: По Годин, на ред е Робен

Целта на Интер за сезонава е да се обезбеди место во ЛШ, но „нероаѕурите“ во меѓувреме прават тим за наредната сезона, во која клубот од Милано планира сериозно да се вклучи во трката за највисок пласман.

Весникот „Газета дело спорт“ објави дека е постигнат договор со Диего Годин, двогодишна сорабока за вкупно 11 милиони евра, а „нероаѕурите“ сакаат во своите редови да донесат уште еден ветеран кој е достапен без отштета. Станува збор за Арјен Робен, кој станува слободен играч по истекот на договорот со Баерн, а со кого директорот Џузепе Марота веќе стапил во контакт.

Тој досега имаше понуди од Гронинген и ПСВ Ајндховен, но јасно е дека сумата што му ја нуди Интер е далеку повисока од оние кои ги доби од татковината. „Нероаѕурите“ се убедени дека можат да го договорат и овој играч на слободен трансфер, како дополнително засилување за наредната сезона.

Се вчитува...