Интер сонува за потписот на Лука Модриќ

Италијанскиот калчолигаш Интер по подолг период повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите, а очигледно дека „нероаѕурите“ сериозно го сфаќаат враќањето во елитното европско натпреварување. По комплетирањето на трансферот на Шиме Врсаљко од Атлетико Мадрид, тренерот Лучијано Спалети може да се фокусира на ангажман на играч од средниот ред.

Најреална опција за засилување на маневарот е Артуро Видал од Баерн Минхен, но медиумите на Апенините откриваат изненадувачка информација, дека Интер посакува хрватски квартет во тимот. Заедно со Брозовиќ, Перишиќ и Врсаљко, да игра и Лука Модриќ. Ова нема да биде нималку лесна мисија за раководството на Интер, но Италијанците сметаат и дека не е невозможна.

Реал Мадрид во овој момент сигурно не е подготвен да се раздели со креаторот на играта, но Интер ќе понуди 50 милиони евра за неговите услуги.

Се вчитува...