Интер тргнува по потписот на Серхио Агуеро

Калчолигашот Интер по доведувањето на Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, тргнува по потписот на ѕвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Тие сакаат да го доведат искусниот Аргентинец како поддршка за Ромелу Лукаку, откако се поголеми се шпекулациите дека Лаутаро Мартинез би можел да ја промени средината и да замине во Барселона.

Во трансферот за Агуеро „нероаѕруте“ ќе го понудат и Милан Шкринар кој е мета на Пеп Гвардиола веќе подолго време, како би ја затворил дупката во одбраната. Тренерот на клубот од „Џузепе Меаца“, Антонио Конте смета дека токму Агуеро ќе биде клучната алка во прекинувањето на доминацијата на Јувентус во домашниот шампионат, која доколку „старата дама“ стигне до титулата и сезонава ќе трае неверојатни осум години.

 

Се вчитува...