Избраниците на Лучијано Спалети ја остварија деветтата победа во италијанскиот шампионат, откако на гостински терен ја совладаа екипата на Верона со резултат од 2-1. Благодарение на головите на Валеро и Перишиќ, „нероаѕурите“ се доближија на само два бода до лидерот Наполи во Серија А, по 11. кола имаат 29 бода и се уште се единствената непоразна екипа покрај тимот на Маурицио Сари.
Интер за прв пат поведе во 36. минута, откако Борха Валеро реализираше по одличниот центар-шут на Антонио Кандера. Домаќините изедначија кон средината на второто полувреме преку искусниот Пацини, кој веднаш по неговото влегување на терен со гол од белата точка го совлада виновникот за изнудување на најстрогата казна, голманот Хандановиќ. Хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ во 67. минута одново носи славје за „нероаѕурите“, со прекрасен волеј по изведениот корнер на Интер ги постави конечните 2-1 на стадионот „Марк Антонио Бентегоди“.
https://www.youtube.com/watch?v=9nX0HP1Afvo
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА