Интер замената за Ериксен ја најде во Манчестер Јунајтед

Кристијан Ериксен нема да може да настапува повеќе во италијанското првенство каде спортските власти имаат најстроги можни критериуми за настапи на играчи со срцеви проблеми на терените ширум Апенинскиот полуостров па Интер веќе бара замена за генијалецот од средниот ред.

Прва опција на миланскиот клуб е играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек кој стигна на „Олд Трафорд“ пред речиси година дена, но не успеа да се наметне во почетниот состав. Во Премиерлигата одигра 19 натпревари на кои забележа само еден гол и една асистенција што е далеку од учинокот кој овој фудбалер го бележеше во дресот на Ајакс.

Овој трансфер ќе се оствари само доколку Манчестер Јунајтед се сложи за позајмица до крајот на сезоната со оглед на финансиската криза која го тресе шампионот на Италија. Сепак во прилог на „нероаѕурите“ е формата на Бруно Фернандеш и Пол Погба па тешко дека 24-годишникот Ван де Бек ќе успее избори место во тимот покрај Португалецот и Французинот.

Се вчитува...