После натпреварот во Куманово помеѓу Башкими и Струга ТЛ се случил инцидент. Според неофицијалните информации, фудбалерите на Струга ТЛ биле нападнати и не можеле да ја напуштат соблекувалната.
Притоа челниците на стружани реагирале и побарале полициско обезбедување за безбедно да си заминат од стадионот, после победата од 0-4.
Нередите почнале веднаш по последниот свиреж, кога уште на клупата дел од играчите на Струга ТЛ биле нападнати од непознати лица. Се очекува до крајот на денот да се огласи клубот од Струга ТЛ за овој инцидент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
