Инциденти пред дербито: Повреден играч на Шкупи на влезот на тетовскиот стадион

При пристигнувањето на стадионот во Тетово нападнати се клубот и играчите на ФК Шкупи. Спортскиот директор на ФК Шкупи, Омер Буњаку за ТВ21 потврди дека има повреден фудбалер од таборот на шампионите.

На снимката се гледа како долетува факел, кој го повредува играчот на скопскиот тим.

Претходно на патарината беа вратени навивачите на Шкупи, кои сакаа да допатуваат во Тетово и да го следат натпреварот против Шкендија.

Се вчитува...