Инзаги не може да преболи: Алегри ми ја заврши кариерата една година порано

Поранешниот италијански репрезентативец Филипо Инзаги го смета сегашниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, за главен виновник за предвремениот крај на кариерата.

„Супер Пипо“ дојде од Јувентус во Милан во 2001 година и остана дури 11 сезона како член на „росонерите“, тим со кој стигна до две скудета и две титули во Лигата на Шампионите. Тој си замина од клубот во 2012 година, а во својата автобиографска книга „Вистинскиот момент“ Инзаги обелоденува дека тоа се случило на инсистирање на Алегри.

„Јас не требаше да се пензионирам таа година. Всушност, седнавме со Адријано Галијани и ескпресно се договоривме, најдовме заеднички јазик да останам и да бидам важно лице во соблекувалната со своето искуство бидејќи клубот за кратко време веќе го имаа напуштено Малдини, Пирли, Неста, Гатузо и Сидорф… Се беше попусто бидејќи Алегри не сакаше ни да чуе, јасно стави до знаење дека не сака да останам и им нареди на директорите да не ми го продолжат договорот. Секако, јас бев крајно разочаран од тоа што се случи бидејќи се чувствував подготвено да одиграм уште една последна сезона за Милан на највисоко ниво“, пишува Филипо Инзаги во својата автобиографска книга.

Се вчитува...