Инзаги за караницата Лукаку – Барела : Не ми се допаѓа тоа што го видов

Фудбалерите на Интер синоќа ремизираа на гостувањето кај Сампдорија 0-0, и така се оддалечија уште еден чекор поназад од скудетото кое е на пат кон Неапол. Мечот го одбележи вербалниот дуел меѓу Ромело Лукаки и Николо Барела.

До инцидентот дојде на крајот од првиот дел кога после една лоша акција, Барела гестикулираше кон Лукаку. Караницата ја коментираше и тренерот на „нероазурите“ Симоне Инзаги.

„Се случуваат вакви работи на теренот. Не би требало, мене не ми се допаѓа што видов, меѓутоа во текот на паузата Лукаку и Барела беа еден до друг во соблекувалната. Големи пријатели се. Вакви инциденти не сакам да гледам“, рече Инзаги.

Се вчитува...