Ипсвич се врати во Премиерлигата, познати и сите учесници во плеј-офот во Чемпионшип (ВИДЕО)

Последното коло од регуларниот дел од сезоната во најсилната втора лига во светот, Чемпионшип ни ги разреши сите дилеми. Покрај Ковентри следната сезона во Премиерлигата сигурно го гледаме и Ипсвич кој што во последната 46 рунда славеше против Квинс Парк Ренџерс со 3-0. Со тоа Ипсвич заврши со само бод повеќе од третопласираниот Милвол.

Ipswich Town [2] – 0 QPR – Jaden Philogene-Bidace 9'
byu/50lipaa insoccer

За последното место во Премиерлигата следната сезона покрај Милвол ќе конкурираат и Саутемптон, Миделзборо и Хал кој го искористи ремито на Рексам со Миделзборо 2-2.

Од претходно е познато дека англискиот шампион од 2016 година Лестер, заедно со Оксфорд и Шефилд Вендздеј следната сезона ќе бидат дел од Лига 1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...